266
Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека два украински дрона се уништени над московскиот регион.
Едниот украински дрон е соборен од руската противвоздушна одбрана, а другиот е потиснат со средства за електронска борба, пренесува РИА Новости.
„Во 08:16 часот по московско време беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со помош на беспилотно летало. Украинското беспилотно летало беше навремено откриено и уништено од силите за противвоздушна одбрана над областа Истрана во московската област“, се вели во соопштението.