247
Русија ќе го смета нападот од трета страна врз Минск како напад врз Москва и соодветно ќе одговори, изјави рускиот амбасадор во Белорусија Борис Гризлов.
„Претседателот на Русија, Владимир Владимирович Путин, јасно кажа дека во рамките на Федералната држава, во случај на напад на територијата на Белорусија, тоа ќе го сметаме за напад врз Русија. Воената доктрина на Руската Федерација подразбира во тој случај одговор со сето наше расположливо оружје“, рече Гризлов.
На 21 јули Путин предупреди дека Русија ќе одговори со сите расположливи средства во случај на агресија на Западот врз Белорусија. Според него, нападот врз Белорусија ќе се смета за напад врз Русија и Москва ќе „одговори со сите расположливи средства“ на таквите акции.