323
Откако минатата недела беше прогласена за виновна, медицинската сестра Луси Летби, која уби седум бебиња во Британија, денеска е осудена на доживотен затвор, јави Би-Би-Си.
Оваа судска пресуда ja прави Летби најлошиот убиец на бебиња во модерната историја на Велика Британија.
Луси Летби (33) беше осудена за убиство на пет момчиња и две девојчиња и обид за убиство на уште шест бебиња во болницата Countess of Chester додека работела на ноќни смени во 2015 и 2016 година.