Москва: Уништен брод од американско производство кој превезуваше украински војници (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
793 прегледи

Русија „уништила“ брод со украински војници недалеку од Змискиот остров во Црното Море, соопштено е денеска во Москва.

„Околу 11 часот по московско време, источно од Змискиот остров, авион на руската армија уништи брод од американско производство што превезуваше единици на вооружените сили на Украина“, објави руското министерство за одбрана на Телеграм.

Русија утринава соопшти дека уништила извидувачки брод на украинската армија во Црното Море и дека соборила украински беспилотни летала во регионите на Москва.

Слични содржини