329
Доколку само еден пратеник на партијата ја изневери мојата доверба и гласа за уставни измени, јас ќе се повлечам од политиката.
Ова синоќа го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Кичево.
„Тоа го кажав и пред нецела година и стојам зад тоа. Ќе го слушнете Димитар Ковачевски дека јас сум се борел за фотелја. А јас кажувам дека ако само еден пратеник ме изневери, дека заминувам од политиката“, порача лидерот на опозициската партија.