264
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска во видео обраќање на самитот на БРИКС рече дека организацијата се залага за мултиполарен светски поредок заснован на меѓународното право и принципите на Обединетите нации.
Путин истакна дека петорката која го сочинува БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка – со право се етаблираа на глобалната арена како авторитетна структура. Позицијата на организацијата постојано се зајакнува, а нејзиниот тек одговара на аспирациите на голем дел од меѓународната заедница, наведе тој.
Зборувајќи за конфликтот во Украина, Путин посочи дека тешката криза во Украина е предизвикана од желбата на голем број западни земји да ја зачуваат својата хегемонија во светот.