318
Граѓани од скопската населба Аеродром се револтирани поради неработата на локалните власти на раскрсницата кај ЦУК, односно улиците „Васко Карангелески“ и „Владимир Комаров“.
Според нивн, повеќе од 4 месеци стојат раскопани улиците и механизацијата не е активна.
Станува збор за улицата кај што се пробива покрај Воениот базен, и треба да се поврзе со 3та Македонска бригада.
„Никој ништо не работи, а механизација стои. До кога мислат да ги малтретираат граѓаните“, прашуваат граѓаните кои ги затекнавме на лице место.