Координаторот на реформите во примарната здравствена заштита, Злате Мехмедовиќ денеска изјави дека ќе се прошири листата на лекови, согласно онаа програма што ја имаат зацртано во реформите.
– Ништо нема да се случи преку ноќ и за сите преговори коишто се во насока на подобрување на системот на примарна здравствена заштита разговарано е со матичните лекари. Гледате дека во почетокот одиме етапно, не ги дадовме сите реформи да се аплицираат уште од првиот ден кога ги најавивме на брифингот, оставивме простор да се развие дискусија по однос на тоа и да од денес почнуваат да се препишуваат рецептите. За кратко време ќе почне да се препишуваат лабораториските упата. Споменавте дали ќе се прошири листата на лекови – да, ќе се прошири, меѓутоа согласно онаа програма која што ја имаме зацртано во реформите – да обезбедиме пред се квалитет преку веќе искреирани протоколи коишто ќе гарантираат точно кога и како може да се препишуваат одредени лекови, појасни Мехмедовиќ, одговарајќи на новинарско прашање.