Рекордните температури во САД се придвижуваат од централните кон југоисточните делови на земјата

од Radmila Tasevska
231 прегледи

Бруталниот жежок бран што ги зафати централните и јужните делови на САД неделава полека се поместува кон југоисток и викендов може да достигне историски рекорди, јавуваат американските медиуми.

Неделава, индексот на жештина (комбинација од влажен воздух и висока температура) на некои места во централниот дел на САД во големите рамнини и југот, достигна до 54,4 степени Целзиусови.

Температурите денеска можат да достигнат до 38 степени во Далас, Тексас и во неколку други места. Хјустон го очекуваат најжешки денови ова лето.

Жешкиот бран од таму викендов се поместува кон југоисточните држави како Флорида и Јужна и Северна Каролина каде викендов ќе сретнат рекордни жештини, со температури до 38 степени во сабота или недела. Рекордни теператури се очекуваат во Џексонвил, Флорида.

Топлотниот бран идната недела ќе се помести кон области блиски до Мексиканскиот Залив.

Националната агенција за океани и атмосфера соопшти дека во изминатите 30 денови во САД биле пробиени рекорди на над 3.600 дневни високи температури и на околу 5.000 дневни минимални температури.

Стотици од овие рекорди се забележани неделава во областите од централниот Запад до Мексиканскиот Залив, со индекс на жештина на повеќе локации до 54,4 степени.

Слични содржини