Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан задутре на одбележувањето на еден од најголемите христијански празници Успение на Пресвета Богородица ќе чиноначалствува со светата Божествена литургија (8:30) во манастирот во Матка, крај Скопје.
Во предвечерието на празникот утре во 18:30 часот во манастирот Успение на пресвета Богородица ќе се одржи вечерна богослужба, а во 23:40 часот ќе започне сеноќното бдение.
Традиционално на денот на празникот односно во понеделник во дворот на манастирот се одржува крводарителска акција.
-Ќе ни биде драго заедно со вас да и оддадеме почит и благодарност на нашата мајка и заштитничка – Пресвета Богородица која вистински не закрилува нас сите и заеднички достојно да го прославиме Нејзиното Успение, се вели во поканата за одбележување на празникот од сестринството на манастирот.
Жителите на Матка, Сарај, Ѓорче Петров, но и пошироко традицонално ден пред празникот и на самиот празник доаѓаат во манастирот да се помолат на Мајката Божја.