На „Табановце“ се чека еден час, на „Богородица“ 30 минути

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во државата на ГП Табановце е околу еден час, на ГП Богородица за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини