Ковачевски: Членството во ЕУ до 2030 година е остварлива цел

од Stefanija Kuzmanovska
326 прегледи

На лидерскиот панел на Бледскиот стратешки форум со моите колеги од регионот разменивме мислења за процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, напиша премиерот Димитар Ковачевски во врска со лидерскиот панел на Бледскиот стратешки форум што вчера и денеска се одржува на Блед под мотото „Солидарност за глобална безбедност“.

„Членството во ЕУ до 2030 година е остварлива цел, а ние ќе дадеме сѐ од себе нашето општество да се реформира по европски стандарди. Граѓаните сакаат да живеат во EУ, но дома, во Северна Македонија, како полноправна земја членка на ЕУ“ наведе Ковачевски.

Нашата земја, истакнува премиерот, во многу аспекти е предводник во евроинтеграциските процеси, а Северна Македонија покажа дека може да носи тешки и храбри одлуки и по секоја од нив излегува како посилна земја.

„Блокадите од членките на ЕУ, кои користат домашна политика на меѓународна сцена, мора да престанат. Унијата мора да ги удвои напорите за да ги валидира својата волја и добра намера и проширувањето да го стави како приоритет“, порача Ковачевски.

Слични содржини