Полковник на Службата за безбедност на Украина пронајден мртов во својата канцеларија

од Stefanija Kuzmanovska
581 прегледи

Полковник на Службата за безбедност на Украина (СБУ) е пронајден мртов во неговата канцеларија во Киев.

Како што пренесува „Украинска правда“, тој бил пронајден со прострелна рана во главата, а Службата за безбедност ја потврдила смртта на својот службеник.

„Околностите за смртта на службеникот на СБУ се утврдуваат во рамките на кривичната постапка, која ја водат истражителите на Националната полиција на Украина. Службата за безбедност на Украина изразува искрено сочувство до роднините и пријателите на починатиот службеник“, стои во соопштението на СБУ.

Слични содржини