Во говорот минатата недела, папата Франциск немаше намера да го велича рускиот империјализам кога се осврна на императорите кои ја проширија Руската империја, соопшти во вторникот Ватикан, откако Украина ги критикуваше неговите забелешки, а Кремљ во вторникот изрази задоволство од зборовите на папата.
Папата ѝ кажа на руската младина, откако го прочита говорот во петокот, да имаат на ум дека се наследници на царевите како Петар Први и Катерина Втора.
Двајцата монарси ја проширија Руската империја во 17 и 18 век, вклучително и со освојување делови од Украина, а претседателот Владимир Путин се повика на нивното наследство во оправдувањето на неговата инвазија и анексија на украинска територија минатата година.
„Папата имаше намера да ги охрабри младите да го зачуваат и промовираат сето она што е позитивно во големото руско културно и духовно наследство и во никој случај не ги велича империјалистичката логика и владејачките личности (кои тој) ги спомна за да укаже на некоја историска референца“, истакна портпаролот на Ватикан, Матео Бруни во изјавата.
Киев рече дека зборовите на папата во видео обраќањето во живо до католичката младина собрана во Санкт Петербург се за „длабоко жалење“.
Кремљ во вторникот ги пофали зборовите на папата Франциск, велејќи дека руската држава има богато наследство и дека е добро што папата ја знае руската историја.
„Она што (руската) држава, активистичките групи, училишните и универзитетските професори го прават сега е пренесување на тоа наследство на нашата младина, потсетувајќи ги на тоа“, рече Песков и додаде:
„Фактот што папата звучи во склад со тие напори е многу, многу задоволителен“.