Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон во една прилика ја поканила на чај познатата пејачка Доли Партон, но таа одбила.
Како што објаснила Доли во емисија на радио Би-Би-Си, била принудена да ја одбие поканата бидејќи не можела да стигне да се сретне со принцезата.
„Еднаш ме поканија на чај со Кејт, но не успеав да стигнам. Мислев дека е многу љубезно и убаво од неа што ме покани и би сакала да го направиме тоа еден ден наскоро. Тоа би било одлично“, изјавила пејачката, пренесува „Дејли мејл“.
Доли на шега ја навела и „причината“ зошто ја одбила Кејт.
„Таа не сакаше да го промовира мојот рок албум, па ѝ реков ‘не’“, рече таа низ смеа.
Инаку, Доли имала можност да се запознае со британското кралско семејство во 1977 година, па дури и настапила на сребрениот јубилеј на кралицата Елизабета Втора.
„Ја запознав кралицата на Англија, запознав кралица, тоа беше неверојатно“, изјавила тогаш Партон.