Соборениот претседател на Габон во домашен притвор, уапсен еден од неговите синови

од Stefanija Kuzmanovska
204 прегледи

Соборениот претседател на Габон, Али Бонго Ондимба е во домашен притвор, објави новинската агенција АФП изјава на воени офицери.

„Претседателот Али Бонго е во домашен притвор, опкружен со семејството и лекарите“, рекоа тие во изјавата емитувана на државната телевизија.

Еден од синовите на претседателот е уапсен за „предавство“, се наведува во соопштението.

Потсетуваме, група високи воени офицери во Габон утринава преку националната телевизија објавија дека армијата ја презела власта, откако државното избирачко тело објави дека претседателот Али Бонго добил трет мандат. Полицајците рекоа дека зборуваат во име на сите безбедносни и одбранбени сили во централноафриканската држава, пренесува „Ројтерс“.

Најавија дека резултатите од изборите се поништени, сите граници се затворени до дополнително известување и распуштени државните институции. Во главниот град Либревил можеше да се слушнат силни пукотници, изјавил репортер на „Ројтерс“ во телевизиското обраќање.

„Во име на народот на Габон, решивме да го браниме мирот со ставање крај на сегашниот режим“, наведоа офицерите.

Слични содржини