Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека руските власти истражуваат различни верзии за падот на авионот во кој се наоѓал основачот на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, вклучувајќи ја и можноста авионот да е соборен.
„Очигледно е дека има различни верзии, меѓу кои е и онаа за намерно соборување“, рече Песков на прес-конференција, пренесува РИА.
Тој нагласи дека треба да се почекаат заклучоците од истрагата на Истражниот комитет на Руската Федерација.