Пропусти на Судскиот совет, констатираше Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИСот во судовите

од Vladimir Zorba
638 прегледи

Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС во судовите изврши надзор во четири основни судови во државата, Берово, Крушево, Кратово и Куманово при што ги констатираше следните состојби:

-Нецелосно почитување на законските одредби за исклучување и вклучување како и изземање на судии од АКМИС

-Недоволен број на судии во помалите судови со основна надлежност

-Недоволен број на информатичари во судовите

-Неконтинуирано архивирање на предмети и немање соодветен архивски простор, се чуваат во подруми

-Нераспишување на огласи за вработување и унапредувања и покрај добиената согласност од страна на поранешни претседатели

-Тонското снимање главно не функционира

Ова се само дел од забелешките на Комисијата за извршениот надзор во првите шест месеци од годинава, соопштија од Министерството за правда.

Оттаму најавија дека и во наредниот период ќе останат транспарентни и ќе ги објавуваат на својата веб страница сите записници од извршените надзор во судовите.

Слични содржини