И вработените на АД Водостопанство најавуваат протести доколку не им се зголеми платата

од Vladimir Zorba
446 прегледи

Владата во најбрз можен рок да излезе со решение за платите на вработените во АД Водостопанство, побара денеска АГРО Синдикатот при Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и најави дека ако тоа не се случи, од понеделник ќе бидат организирани протести.

Вработени на АД Водостопанство и претпладнево излегоа пред Дирекцијата во Скопје, како и пред 14-те подружници на претпријатието низ земјава за да изразат револт – се уште не земале плата за јули, а неизвесно е, нагласија, и дали воопшто ќе земат плата до крајот на годинава.

Според претседателот на синдикалната организација на АД Водостопанство, ситуацијата е алармантна зашто цените на храната драматично расте, а веќе почнува и школската година.

-Плата немаме земено за јули, а од утре веќе и за август. Во период кога цените драматично растат, кога не може луѓето да купат основни прехранбени произоди, а почнува и школската година па нашите вработени не можат ранчиња и прибор да им купат на дечињата, бараме Владата, како единствен сопственик на АД Водосотопанство, итно да најде средства и да го реши проблемот со платите што поскоро. Ако тоа не го стори во разумен рок, за неколку дена, ќе се организираме на протести пред Владата, истакна претседателот.

Слични содржини