Пожарот меѓу Богданци и Дојран засега не се заканува на селото Селемли

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Пожарот меѓу Богданци и Дојран, што избувна денеска на пладне на планината Карабалија, во атарот на селото Селемли, го гаснат два авиони „Ер трактор“, пожарникари од Гевгелија и од ЈП „Национални шуми“.

Според градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, пожарот зафатил нискостеблеста, но и квалитетна шума и засега нема опасност да се прошири кон селото Селемли.

Инаку, како што претходно информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК) пожарот е изгаснат на еден крак кај плантажи со овошни насади, а на едно место пожарот се префрлил и на грчка територија.

Слични содржини