Подготовки за состанокот меѓу Путин и Ердоган: Лавров разговараше со турскиот МНР

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи

Министрите за надворешни работи на Русија и Турција Сергеј Лавров и Хакан Фидан ќе разговараат во Москва за агендата на претстојната средба меѓу претседателот Владимир Путин и Реџеп Таjип Ердоган.

„Со оглед на тоа што претседателите се подготвуваат за следната средба, верувам дека денеска ќе можеме детално да разговараме за прашањата кои се подготвени за нивна средба“, рече Лавров во разговорот со Фидан.

Според него, меѓу Руската Федерација и Турција има значаен дијалог и за билатералната и за регионалната и меѓународната агенда, а состанокот на министрите во Москва ќе овозможи подготовка на „добри препораки за дискусија на нашите лидери“.

Слични содржини