50 Cent во лутина го фрлил микрофонот среде настап и удрил девојка во главата, завршила во болница

од Stefanija Kuzmanovska
512 прегледи

Познатиот рапер 50 Cent синоќа настапи во Лос Анџелес, каде за време на настапот фрли микрофон во публиката и во таа прилика удри една обожавателка.

50 Cent имаше проблеми со микрофонот за време на концертот, па мораше да го замени неколку пати.

Откако микрофонот што го користел престанал да работи, видно изнервиран раперот го фрлил во публиката.

На социјалните мрежи почна да кружи видео од овој настан. На видеото се гледа како 50 Cent менува микрофони, а потоа налутено фрла еден во публиката, наводно со него удирајќи една обожавателка во главата.

Подоцна било утврдено дека се работи за водителка која се здобила со повреди на главата, поради што завршила во болница, пишува TMZ.

Слични содржини