Кремљ: Западните капацитети за производство на оружје во Украина ќе бидат цел на руската војска

од Vladimir Zorba
333 прегледи

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека во Украина секој западен објект за производство на оружје, што се користи против Русија, ќе биде цел на руската армија.

Песков изјави дека Кремљ има негативен став за одлуката на британскиот производител на оружје „БАЕ системс“ да отвори база во Украина, пренесува Ројтерс.

„Се разбира, секој објект за производство на оружје, особено она што се користи против нас, станува објект од посебен интерес за нашата армија“, рече Песков во разговор со новинарите.

Слични содржини