Стаменов од „Донирај компјутер“: Фатен е крадецот на компјутерите

од Vladimir Zorba
681 прегледи

Првиот човек на „Донирај компјутер“ – Борче Стаменов, на својот Фејсбук профил соопшти дека е фатен крадецот, кој пред одреден период ги ограби просториите на хуманитарната иницијатива.

Претходно беа украдени неколку Lenovo лаптопи, 6-7 Apple Mac book pro и повеќе нови (20-25) ССД дискови од 120 гб од иницијативата, чија цел е донација за социјално ранливи категории.

„Најгрдо од цело воа со крадењето е шо сеа ќе мора да се браниме од народот за кој неуморно работиме 7 години без прекин, без примања. Каква неблагодарност“, сподели неодамна Стаменов по повод кражбата.

Слични содржини