Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, повика актуелното раководство на западните земји, кои ја поддржуваат Украина, да се третира како нацистичка коалиција и да не се гаат илузии за можно подобрување на односите меѓу Руската Федерација и Западните лидери.
Медведев изјави дека „лидерите на Бандеровата Украина“ се повеќе зборуваат за потребата „да се изведат сите Руси пред лицето на правдата“, а тоа значи целото население на Русија, без разлика на националноста.
– Бандеровата Украина е поддржана од речиси сите лидери на западните земји. Затоа, Бајден, Трудо, Сунак, Шолц, Макрон, Мелони, како и водачите на најозлогласената Полска, дивите скандинавски земји, милитаристичката Јапонија, торбарите од Австралија и Нов Зеланд и другите болви како балтичките држави се директни и очигледни соучесници на нацистите. Значи, односот кон нив мора да се гради како кон лидерите на земјите од нацистичката коалиција – напиша Медведев на Телеграм.
Поранешниот руски претседател додаде дека не треба „да се занесе во слатки соништа за тоа како еден ден ќе се помират и ќе основаат големо „полијаморно семејство со небинарни полови“.