„Воопшто не беше духовита“: Режисерот на „Пријатели“ откри од која актерка од тимот не бил задоволен

од Stefanija Kuzmanovska
664 прегледи

Режисерот на серијата „Пријатели“, Џејмс Бароу, проговори за актерите кои се појавија во оваа продукција, а кои светската слава ја стекнаа токму со улогите во оваа серија.

Главните ликови се истакнаа во оваа комедија и ја освоија публиката ширум светот. Сепак, една актерка од оваа позната екипа останала во сеќавањето на режисерот како „фина, но недуховита“.

Тоа е британската актерка Хелен Бексендејл, која се појави во неколку епизоди играјќи ја партнерката на Рос, која потоа стана негова вереница, а потоа и сопруга.

Хелен го толкуваше ликот на Емили Вотам, која беше втора сопруга на Рос и го остави набрзо по венчавката.

Размислувајќи за периодот од неговиот живот кога работел на популарниот ситком, Џејмс во своите мемоари напишал дека Хелен била „фина“, но немала комична енергија. Како што откри режисерот, другите членови на сетот се мачеле во сцените со неа бидејќи немаа „на што да се надоврзат“.

„Често можете одново да направите кастинг за некој нов, но поради густите распореди за снимање и логистика, не можевме да го направиме тоа, иако јас сакав“, навел Џејмс Бароу.

Сепак, актерката ја напушти серијата порано од очекуваното, откако објави дека го чека своето прво дете, кога се врати во родната Англија.

Слични содржини