368
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека воените трупи напредуваат во контраофанзивата против руските сили, негирајќи ги западните официјални лица кои тврдат дека Украина бавно зазема територии.
За време на долгонајавуваната контраофанзива, која трае речиси три месеци, беа заземени повеќе од десетина села, но ниту еден поголем град, пренесува „Ројтерс“.
Претходно оваа недела, неименувани американски официјални лица изразија разочарување од бавниот напредок на операциите, па дури и ја обвинија украинската стратегија за тоа, наведува агенцијата.