531
Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко, на Твитер објави фотографија од денешниот руски ракетен напад врз Краматорск, град во источна Украина.
На фотографијата се гледа неексплодирана ракета која удрила во асфалтен пат.
„Наместо илјада зборови. Руска ракета денеска падна врз Краматорск. Многу блиску до станбена зграда. Терористичката држава продолжува да ги тероризира цивилите“, објави Герашченко.