267
Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски по потпишувањето на договорот со „БМЗ“ порача дека само по 7 месеци од кога ја имавме првата средба, веќе е потпишан инвестициски договор од 65 милиони евра.
„Она што е најважно е дека „БМЗ” ќе вработи над 750 лица со плати од над 1200 евра бруто. „БМЗ” е и првата компанија која формално се обврзува да даде конкретна поддршка за развој на вештини кај младите во нашата земја. Ова е добар пример како граѓаните имаат конкретна придобивка од инвестициите”, рече Деспотовски.
Инаку, со овој договор во последниве 2 и пол години, Владата заокружи инвестициски циклус од над 950 милиони евра и истите веќе креираат нови работни места чијашто вкупна бројка ќе достигне над 12.500.