ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна хеликоптер на пакистанската морнарица, загинаа три лица

од Stefanija Kuzmanovska
258 прегледи

Двајца офицера на пакистанската морнарица и еден војник загинаа во хеликоптерска несреќа во Гвадар, Балучистан во понеделникот, изјави портпаролот на морнарицата.

Во изјавата, портпаролот рече дека хеликоптерот се урнал за време на тренинг лет во Гвадар, објави Dawn.

„Хеликоптерот се урна за време на лет поради можна техничка грешка“, изјави портпаролот.

 

„Како последица на несреќата животот го загубија двајца офицери и еден војник на пакистанската морнарица“, додаде портпаролот.

Тој додаде дека е започната истрага за инцидентот.

Слични содржини