Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун планира да ја посети Русија за да разговара со претседателот Владимир Путин за продажба на оружје на Москва, соопшти Белата куќа.
„Преговорите за испорака на оружје меѓу Русија и Северна Кореја активно напредуваат“, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа.
„Њујорк тајмс“ претходно објави дека Ким Џонг Ун планира да ја посети Русија во септември и да разговара со Путин за продажба на оружје за војната во Украина.
Од Пјонгјанг, Ким најверојатно ќе отпатува со оклопен воз до Владивосток, на рускиот брег на Тихиот Океан, каде што ќе се сретне со Путин, пишува весникот.