225
При претрес во домот на Б.Б. (63) во беровското село Митрашинци, извршен по судска наредба, пронајдени се 22 пакувања со експлозив (околу два килограма) и девет метри бавногоречки фитил, соопшти денеска МВР.
Б.Б. е приведен и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.