860
Невремето „Данијел“ направи хаос во делови од Грција, а како што пренесуваат медиумите, силните ветрови однеле автомобили во морето.
Како што пренесува „Прототема“, невремето создало големи проблеми и непогоди на крајбрежниот фронт на Пелион, а особено во приморското село Агиос Јоанис.
Количеството на вода што паднало на тој простор било толку големо што дури и автомобилите кои биле паркирани на централниот паркинг биле однесени.
Некои автомобили завршија во морето, како што се гледа на шокантното видео на Фејсбук.
На видеото се гледа едно скршено возило, додека друг автомобил го носат големите бранови.