Почнуваат разговорите за Закон за минимална пензија

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Денеска ќе се одржи состанок на Работната група за измени или ново законско решение за пензиско и инвалидско осигурување за минимална пензија и социјални мерки за пензионерите со ниски пензии.

– Главна тема на работната група, формирана со одлука на Владата, денеска ќе биде Законот за минимална пензија, по примерот на минималната плата во државата за да ја утврдиме со закон минималната пензија, информираше претходно министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

На првиот консултативен состанок денеска ќе учествуваат претставници на сите релевантни институции, а ќе се разговара за се што е потребно за да се подобри животниот стандард на пензионерите.

Слични содржини