185
Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, вчера по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом кај И.К. (31) во Волково, скопско, при што се пронајдени марихуана, дигитална вага и еден куршум.
Како што информира МВР, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него, по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.