Што се случува со нашето тело ако пречесто јадеме пица?

од Stefanija Kuzmanovska
495 прегледи

Пицата, без сомнение, е едно од најпопуларните јадења, а освен што е вкусна, брзо се подготвува и можеме да ја купиме на секој чекор. Меѓутоа, што се случува со нашето здравје ако претераме со нејзина конзумација?

Според Eat This, постојат неколку работи кои можат да се случат ако јадеме пица премногу често:

Поголем ризик од срцеви заболувања
Иако јадењето пица од време на време е безопасно, ако претераме, би можеле да бидеме изложени на поголем ризик од срцеви заболувања, предупредуваат диететичарите. Едно парче обична пица со кашкавал може да има приближно 400 калории.

Пицата е исто така богата со заситени масти кои ги затнуваат артериите, што може да го зголеми ризикот од срцеви и кардиоваскуларни болести.

Ненадејно зголемување на телесната тежина
Ако јадеме пица премногу често, диететичарите нагласуваат дека може наеднаш да се здебелиме. Студиите покажуваат дека само едно парче пица содржи повеќе од 400 калории, а сите додатоци на пицата додаваат уште повеќе калории.

Затоа, прекумерното внесување на калории во одреден временски период доведува до зголемување на телесната тежина.

Зголемен ризик од рак
Јадењето пица која содржи преработено месо со висока содржина на масти, како што се колбасите, може да го зголеми ризикот од одредени видови на рак, особено ако често се консумира.

Неколку студии покажаа дека личноста која јаде пица повеќе од еднаш неделно има речиси 20 отсто поголем ризик од рак.

Слични содржини