Почина Ферид Мурад – светски познат лекар и нобеловец со потекло од Македонија

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Лекарот со светско реноме, нобеловец по медицинска физиологија, Ферид Мурад, почина денеска, објавија неговите блиски во САД.

Мурад, светски познат лекар, по потекло од Северна Македонија, е роден во 1936 година, а во 1998 ја доби Нобеловата награда за медицина и физиологија. По него е именувана гостиварската болница, а е почесен граѓанин на Општина Чаир и почесен доктор за науки на Државниот универзитет во Тетово.

Мурад е награден со најголемото признание за откривање на улогата на азотниот оскид на кардиоваскуларниот систем. Неготово откритие дека азотниот оксид овозможува крвните садови да бидат релаксирани и проширени, има широка апликација во медицината денес. Се употребува за да се регулира притисокот во крвта, се бори против инфекција и ги третира болестите на срцето и белите дробови, како и ракот, шокот и импотенцијата.

Како професор по медицина и здравствени науки во Универзитетот Џорџ Вашингтон, Мурад добил и многу други награди, меѓу кои Наградата за основни медицински истражувања „Алберт и Мари Ласкер“, Наградата „Циба“ на Американското друштво за срце и Наградата „Бахтер“ за истакнати истражувања во биомедицински науки од Друштвото на американските колеџи по медицина.

Беше член на повеќе меѓународни здруженија и асоцијации. Објавил повеќе книги и статии во реномирани светски списанија.

Слични содржини