До први декември се ќе биде подготвено за воведување евтина дневна тарифа на струјата, вели Салтировски

од Vladimir Zorba
453 прегледи

При крај сме со подготовките и како што ветивме до 1 декември годинава се ќе биде подготвено за воведување евтина дневна тарифа на електричната енергија, а до крајот на декември сите достапни броила ќе бидат сетирани, порача денеска менаџерот на Електродистрибуција Сашо Салтировски.

-Дел од броилата се т.н. смарт броила, тие ќе ги смениме дури преку ноќ и веќе од 1 декември околу 200.000 корисници ќе имаат веќе сетирани тарифи, а другите би биле во текот на месецот. Многу ќе зависи од потрошувачите и достапноста на броилата, рече Салтировски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на министерот за економија Крешник Бектеши на подружницата на ЕВН Македонија во Бутел заедно со директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ Сељам Селами.

Тој ги замоли граѓаните да им бидат достапни броилата, за како што рече,  да можат нивните читачи да ги прочитаат, бидејќи во текот на читањето се прави сетирањето на броилата.

-Сите оние броила што ќе бидат достапни ќе бидат сетирани во текот на декември, а колку вкупно броила ќе бидат сетирани ќе зависи од достапноста на броилата. Сите броила што се достапни ги читаме еднаш месечно и сите тие ќе бидат сетирани, бидејќи тоа оди оптички со еден уред се оди од броило до броило и при читањето софтверот ги сетира како што треба да се сетира, појасни Салтировски.

Слични содржини