Најмалку 16 жртви во руски напад во источна Украина

од Radmila Tasevska
171 прегледи

Најмалку 16 лица загинаа во руско бомбардирање на пазар во Костјантинивци, град во источна Украина, информира на социјалните мрежи украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Руската терористичка артилерија уби 16 луѓе во градот Костјантинивци, во областа Доњецк. Обичен пазар. Продавници. Аптека. Луѓе кои не направиле ништо лошо. Многу ранети, напиша Зеленски.

Според последните информации во нападот се повредени најмалку 31 лице. Уништени се дваесетина дуќани, а оштетена е и една станбена зграда. Целосно изгореле неколку автомобили.

Во тек е спасувачката операција, а повеќе луѓе се заробени под урнатините.

Слични содржини