Големи промени во Г20: Африканската унија влегува во најмоќната група, добива ист статус како ЕУ?

од Stefanija Kuzmanovska
247 прегледи

Групата Г20 се согласи да ја прифати Африканската унија како нејзина постојана членка, објави денеска „Блумберг“, повикувајќи се на добро информирани извори.

Овој потег ќе ѝ даде на Африканската унија, која е составена од 55 земји-членки, ист статус како и на Европската Унија, во однос на нејзиниот актуелен статус на „поканета меѓународна организација“, се додава.

Индискиот премиер Нарендра Моди им предложи на лидерите на Г-20 во јуни во писмото на Африканската унија да добие полноправно и постојано членство во блокот на следниот самит во индискиот главен град Њу Делхи.

Групата Г20 во моментов се состои од 19 земји и Европската унија.

Слични содржини