Бројот на загинати во земјотресот во Мароко достигна 820 лица

од Radmila Tasevska
262 прегледи

Во катастрофалниот земјотрес што синоќа го погоди Мароко, според последните податоци, загинаа најмалку 820 лица, а 672 се повредени.

Поголемиот дел од загинатите се во планински, тешко достапен терен.

Како што наведува Министерството за внатрешни работи на Мароко смртните случаи од земјотресот со јачина од седум степени според Рихтеровата скала се во неколку региони, вклучувајќи ги провинциите Ал Хауз и Маракеш, како и градовите Уарзазате, Азилал, Чичауа и Тарудант.

Земјотресот бил почувствуван и во соседните Алжир и Мавританија.

Слични содржини