Силен земјотрес регистриран на индонезискиот остров Целебес

од Radmila Tasevska
252 прегледи

Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на индонезискиот остров Целебес, соопшти Американскиот институт за геофизика.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 9,9 километри.

Пред 11 дена Индонезија беше погодена од земјотрес со интензитет од 7,1 степени, а се почувствува и на островите Бали, Ломбок и Сумбава.

Слични содржини