Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ставил вето на парламентарниот закон со кој се предвидува дека изјавите на официјални лица за нивниот имот нема да бидат јавно објавени уште една година.
Зеленски на „Телеграм“ напиша дека изјавите треба веднаш да бидат отворени за јавноста, а не за една година, пренесе Ројтерс.
Парламентот минатата недела во вторникот гласаше за враќање на правилото кое беше суспендирано по почетокот на руската инвазија во 2022 година како мерка на претпазливост, но дека имотните листови на службениците не можат да се објавуваат уште една година.