Англиската манекенка Кејт Мос (49) порано беше најбарана во нејзината професија, нејзините фотографии беа концептот на убавина и привлечност. Таа „красеше“ насловни страни и со својот не баш уреден живот, а деновиве една фотографија предизвика бурни реакции.
Ѕвездата на некогашниот „хероин шик моден тренд“ излегла на семеен ручек со својот брат и татко. Тие фотографии од Лондон набрзо го обиколија светот.
Кејт тој ден беше без шминка, лежерно облечена во широки црни панталони и широка розова кошула, со пуштена коса. Нејзиното лице без шминка предизвика лавина коментари.
Цигарата во раката на некогаш најатрактивната жена на светот беше причина за коментари дека Кејт се вратила на нездравиот живот и старите навики и дека тоа е, меѓу другото, причината поради која нејзината кожа изгледа така.
Без основа, без очила за сонце, без никаква козметика за да ја освежи, Мос на моменти изгледаше како поинаква личност, а не на Кејт која работеше за најголемите модни куќи како „Гучи“, „Фенди“, „Прада“, „Шанел“ , „Армани“, „Диор… Првиот поглед на фотографијата го наметнува прашањето „дали сте вие жената која се најде на повеќе од 800 насловни страници на модни магазини?“
Светските медиуми ги споделија овие фотографии во рекордно време, а останува прашањето, дали е потешко што и Кејт Мос старее, како и сите други луѓе, можеби побрзо и поинаку од очекуваното или дека не подлежи на правилата на модерната естетика ?
Дали фотографијата е сигнал и предупредување дека нашето лице го издава нашиот животен стил или е израз на слободата на животот „без филтер“, без разлика каков впечаток оставаме?