Кривични за полицајци кои претепале затвореник

од Nikola Popovski
405 прегледи

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното Одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави кривична пријава против Г.Ф., И. Х. и Б.Н., полициски службеници во СВР Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 ст.1 од КЗ на РСМ.

Имено, пријавените во својство на полициски службеници, пречекорувајќи ги границите на своите службени овластувања на 01.09.2023 во 21 часот над оштетениот Б.Н., кој бил лишен од слобода и задржан во просториите на СВР Штип, неосновано и прекумерно употребиле физичка сила.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе бидат преземени мерки согласно одредбите од Колективниот договор на МВР.

Слични содржини