Црвениот крст отвори линии за донации за настраданото население во Мароко

од Nikola Popovski
254 прегледи

Земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала кој го погоди Мароко на 8 септември, предизивика големи разурнувања и за жал загинаа и беа повредени илјадници луѓе. Мароканската Црвена полумесечина реагираше веднаш, обезбедувајќи прва помош и психо – социјална поддршка, помагајќи во транспортот на повредените во болниците, евакуацијата на луѓето од оштетените згради.

Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената Полумесечина објави Апел за помош во висина од 100 милиони CHF за поддршка на Мароканската Црвена полумесечина во обезбедување на потребите за итно и рано закрепнување на 500.000 погодени луѓе. Приоритетите вклучуваат обезбедување храна и безбедна вода, основни предмети за домаќинство, поддршка во засолниште, здравствени и ментални здравствени услуги и парична помош.

Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува големо жалење за човечките загуби и настанатите материјални штети, и се вклучува во објавениот Апел на Меѓународната федерација за помош на настраданото население во Мароко.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Мароко.

– како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

– За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Слични содржини