Битиќи бара етика и морал меѓу трговците: Ако храната во ЕУ е зголемена за 11%, овде е за 46%

од Nikola Popovski
478 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи останува на ставот дека покрај профитот, мора да постои и етика и морал кај бизнис секторот.

Во кризно време, компанијата не е таа што треба да биде една од причините за кризата да биде уште поголема. Затоа вчера отидов во Комисијата за заштита на конкуретност и разговарав со нив за да покренат иницијативи во неколку сектори за да видат дали можеме да докажеме дека има договарање за тоа што се случува, кажа Битиќи за медиумите.

Тој навести дека ќе бидат објавени податоците. Ако се види зголемувањето на цените заради инфлацијата на светските цени, вели Битиќи, се една четвртина помали од тоа што се во Македонија.

Нешто се случува. Не може нашата земја да е уникатна и изолиран остров, кога е составен дел од цела Европа. Земете ги берзанските цени во ЕУ и ќе ги видите индексот на промената на цени во одреден временски период. Ако храната во ЕУ е зголемена за 11% во берзанските цени, овде е зголемена за 46%. Тоа не е етички, дециден е вицепремиерот.

Битиќи нагласи дека мора да се зајакнат инспекциските служби со нови професионални вработени кои ќе бидат цело време на терен и ќе ги гледаат ваквите однесувања.

Неетичкото однесување носи до поголеми последици. Утре ќе биде доцна, иако можеби денеска не ги гледаме. Таквото однесување прави да не можеме да ги задржиме младите. Борбата да ги задржиме младите е на сите чинители во општеството, објасни Битиќи.

Слични содржини