Пендаровски даруваше крв на хуманитарен настан во американската амбасада во Скопје

од Nikola Popovski
192 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со синот Огнен, денеска даруваше крв на хуманитарен настан организиран од Амбасадата на Соединетите Американски Држави.

Хуманитарниот настан за дарување крв и донирање храна, организиран во соработка со Црвениот Крст и Институтот за трансфузиологија, годинава се одржува по 15-ти пат во сеќавање на трагичните настани од 11 септември 2001 година.

Благороден настан преку кој се промовира волонтерството и службата во интерес на заедницата, порача претседателот.

Слични содржини