Николоски за посетата на Јотова во Голо Брдо: Нема Бугари во Албанија

од Nikola Popovski
341 прегледи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски се огласи со реакција по повод посетата на бугарската претседателка Илијана Јотова на Тирана, за која како што пишуваат бугарските медиуми, е во пресрет на националниот попис на населението во Албанија, кој, како што се наведува во веста, е значаен момент за бугарското национално малцинство во Албанија откако беше признаено во 2017 година.

Бугари во Албанија нема. Кога Македонија не работи, ќе работи асимилаторската политика на Бугарија! Наместо да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур со кои се бара признавање на Македонците во Бугарија и нивното право на здружување и мајчин македонски јазик, Бугарија бара непостоечки Бугари во Албанија, купувајќи ги душите на луѓето кои се напатени и измачени и живеат во тешка сиромаштија во Албанија, нудејќи им бугарски пасоши со кои можат да одат во побогатите земји на ЕУ по парче леб. Таа е вистината, објави Николоски.

Потпретседателката на Бугарија, како што соопштила прес-службата на бугарското претседателство, ќе ја отвори новата учебна година во бугарското неделно училиште во градот Елбасан. Најавена е и посета на Јотова на селото Големо Острени, каде што ќе се сретне со претставници на бугарското национално малцинство од регионот Голо Брдо.

Албанскиот парламент во 2017 година официјално го призна бугарското малцинство во својата земја.

Слични содржини