Република Северна Македонија и Албанија имаат одлични односи и албанската влада дава гаранции дека пописот на населението ќе се спроведе во согласност со сите стандарди на Евростат, рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање поврзано со посетата на бугарскиот потпретседателката Илијана Јотова во Албанија.
-Како Влада на многу начини му помагаме на македонското население таму. Пред еден месец обезбедивме механизација за патишта, министерот Османи помогна да се обезбеди училишен мебел, ќе продолжиме да им помагаме на Македонците во Албанија и никогаш не сме побарале од нив да направат нешто за која било политичка структура во Македонија, како на времето кога владата на ВМРО-ДПМНЕ ги водеше да гласаат во Скопје за градоначалник на општина Центар, посочи Ковачевски.
Премиерот потсети дека токму наши Македонци од Албанија, ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт ги носеше по Скопје да гласаат во некои инежнеринг, за да можат да ја сменат волјата на граѓаните во општина Центар за избор за граодначалник, кога од три гласања и прегласувња беше избран Жерновски.
-Ги цениме и сакаме Македонците во Албанија, во Грција, во Бугарија, во Србија и во целиот свет и ги поддржуваме во нивното право да го зачуваат македонскиот јазик и култура, во нивното право на образование на свој јазик. Веќе се отворени неколку катедри за македонски јазик во најдобрите универзитети во различни земји, се подготвува отворање на Културно-информативен центар во Србија, се работи на транспортот и враќањето од Албанија на иконите украдени од македонските цркви. а на ова ќе присуствуваат и Македонците во Албанија. Тие се исто толку Македонци како и ни3, истакна Ковачевски, кој денеска ја посети делницата Прилеп-Битолија од Коридорот 10 Д за да се запознае со градежните активности.
Пописот на населението во Албанија ќе започне на 18-ти септември, а според вршителот на должноста шеф на мисијата на ЕУ во Албанија, Луиџи Сорека, тоа ќе биде важен момент не само за развојот на статистичкиот систем на земјата, туку и за преговорите на Албанија за членство во ЕУ.
Како што е најавено, Јотова меѓудругото ќе го посети Голо Брдо и ќе ја отвори учебната година во училиште во Елбасан. Како што соопшти нејзината прес-служба, а пренесува „БТА“, ова е важен момент за бугарското национално малцинство во Албанија откако беше признаено во 2017 година од страна на албанскиот парламент.